Денес, вторник (12 март 2019), во 20.00 часот во Музејот на современа уметност во Скопје ќе се случи отворањето на изложбата „Ослободување-на-просторот“, која ќе биде поставена сè до 30 април 2019.

Изложбата ги отвора прашањата наметнати од насилната преобразба на идентитетот на Скопје и наследството од таканаречениот проект „Скопје 2014“. „Ослободување-на-просторот“ беше претставен во македонскиот павилјон на 16-тата Интернационална изложба на архитектурата во Венеција во 2018 година. Предлогот на тимот кој стои зад проектот поаѓа од враќањето и новото осмилување на вредностите на слободниот јавен простор во архитектонска и во општествена смисла.