На 9 ноември (петок) во 19 часот во галеријата „КО-РА“ ќе биде отворена изложбата „Чудниот рај“ на уметникот Сашо Блажес од Охрид. Оваа изложба е прво претставување на авторот пред скопската публика со дела работени меѓу 2005 и 2013 година. Изложбата ќе биде отворена за посета секој ден освен викенд од 8:30 до 16:30 часот. Куратор на изложбата е Виолета Калиќ.

Изложбата ќе трае до 23 ноември.