На годишнината од смртта на Милан Младеновиќ, фронтменот на култниот југословенски бенд „ЕКВ“, рок-барот „Лонг плеј“ организира журка со нивните најголеми хитови. Многу музика и видеа од „ЕКВ“ на едно место. Забавата насловена „Пар година за нас“ почнува во 21:30 часот.