„ПАРТИЈА РЕМИ“ вечер ќе се игра во Драмски театар, престава во режија на Виолета Џолева.Улоги :ВЕЛЕР МАРТИН – ЃОКИЦА ЛУКАРЕВСКИ и ФОНСИЈА ДОРСИ – МАЈА ВЕЉКОВИЌ ПАНОВСКА

Содржина:

Еден човек и една жена во својата Трета доба, како штитеници на Дом за стари лица, преку играњето карти се запознаваат, остваруваат посебно пријателство и поврзаност.

Додека трае партијата карти која станува повод но не и причина за средба, тие ги раскажуваат своите животи, згоди и незгоди… понекогаш тажни, некогаш комични…