Вечерва во МОБ ќе се одржи премиера на инклузивната танцова претстава „Пепелашка“ во целосна организација на „Еурека“, а се случува прв пат во регионот.

Главните ликови се лица со физичка попреченост (Марија, Мики, Дени и Јована), а останати улоги се членови на танцово студио „Еурека“. Настанот ќе се отвори со 120 деца на сцена, членови на „Еурека“.