По 20 години легендата Неле Карајлиќ се враќа на сцената и доаѓа во Скопје со концерт за отворањето на јубилејниот, дваесетти „Таксират“. Концертот организиран од „Пасворд“ продукција е закажан за вечерва (29 ноември) од 20 часот во МКЦ.

Долгата пауза од сценските настапи Неле ја прекина годинава со турнеја во Канада и САД, а следуваше и неодамнешниот концерт во Белград. За новиот концерт Неле вели дека е своевидно „патување низ времето“ на коешто тој го претставува „целокупниот Неле“ и оној од „Забрањено пушење“ и оној од бендот „No smoking orchestra“, но и некои нови песни.

Билетите по цена од 500 и 700 денари се во продажба на благајните на МкТикетс и онлајн.