Балканската музичка ѕвезда Здравко Чолиќ вечерва ќе го одржи првиот концерт во Скопје. Концертот е во вип-арената „Борис Трајковски“, во организација на „Прагма продукција“.

По четири години од последниот концерт во Скопје, публиката повторно ќе може да ги слушне неговите најголеми хитови. Првиот концерт е распродаден, а вториот за вториот концерт, закажан за 17 ноември, има уште малку влезници.

Вратите се отвораат во 19 часот, а концертот почнува во 21 часот.