Францускиот институт во Скопје и Националната галерија на Македонија ја организираат изложбата „Славните портрети на Надар“, слики од најзначајниот француски фотограф во 19 век, Надар. Изложбата на „таткото на современата фотографија“, како што го нарекуваат, ќе се отвори вечерва во 20 часот во „Мала станица“.

Гаспар-Феликс Турнашон (1820 – 1910) станува Надар на дваесетгодишна возраст, а особено е познат по портретите на големите мислители, писатели и уметници од тој период: Теофил Готие, Марселин Деборд-Валмор, Жерар де Нервал, Гистав Доре, Бодлер и многу други.

Изложбата ќе биде отворена до 27 јануари 2019 година.