Детскиот фестивал „Поточиња“ ќе се одржи 30 и 31 март на сцената на Македонската опера и балет. Ова ќе биде 16. издание на фестивалот. Годинава ќе бидат испеани 15 нови детски песни, а програмата ќе биде збогатена со специјално изработени анимирани филмови, соодветни за секоја песна.

Водител и оваа година ќе биде актерот Мартин Јорданоски кој ќе ги води децата низ приказната на Поточиња во улогата на маскотата Поки.

Организатор на фестивалот е „Пап продукција“. Закажани се шест претстави со почеток од 11:00, 13:00 и 19:00 часот во двата дена. Билетите по цена од 250 денари се веќе во продажба.