Во Македонската опера и балет во 20 часот ќе почне концертот посветен на 100-годишнината од раѓањето на Никола Бадев. Песните на Бадев ќе ги пеат Зуица Лазова, Наум Петрески, Виолета Томовска, Ванчо Тарабунов, Круме Спасовски, Сузана Спасовска и други. На концертот ќе настапи и оркестарот на НУ Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“ под раководство на Милан Завков и изворниот оркестар на НУ Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“ под раководство на Бајса Арифовска.

Цената на билетот е 300 денари.

Организатор на концертот е Скопско лето.