Комедијата „Не сега драга“, од современиот англиски автор и актер Реј Куни, е комедија на забуни, смешни ситуации и интересни карактери. Дејството се одвива во хотел, за време на едно пролетно попладне. Приказната е за еден парламентарец од Куманово кој доаѓа во Скопје на состанок во собранието, се сместува во хотел и има закажано љубовен состанок со секретарката на Претседателот. Меѓутоа, со пратеникот доаѓа и неговата сопруга. И тука почнува „хаосот“.

Претстават почнува во 20 часот во „Театар комедија“.