Хрватската музичка ѕвезда Џибони доаѓа во Скопје, со концерт на  23 декември во ВИП Арената. Тој ќе настапи како дел од овогодинешното издание на фестивалот „All You Need Is Love“.

„Идеална прилика за голема предновогодишна фешта на која ќе се соберат сите љубители на добрта музика“, велат од  „Авалон “, кои се организатори на фестивалот. Освен Џибони, на фестивалот ќе настапат и Влатко Стефановски трио и „Фанк шуи“.

Вратите за фестивалот се отвораат во 19 часот, а први ќе настапат „Фанк шуи“ од 20 часот. По нив следи Влатко Стефановски, а последен е Џибони. Журката ќе трае четири часа.