Балетската престава „Ана Каренина“ во два чина ќе игра вечерва во МОБ, со почеток во 20 часот.

Едно од најпознатите светски литературни дела „Ана Каренина“ од крајот на 19 и во целиот 20 век, претставувало инспирација за многу театарски и филмски креации. Делото е инспирација за кореографот Лео Мујиќ и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет. Во улогата на Ана Каренина настапуваат Мими Поп Алексова Атанасовска односно Марија Кичевска Шокаровска, Вронски е Бобан Ковачевски, а Каренин е Васил Чичијашвили.