Вечерва во киното „Синеплекс“ премиера на филмот „Бамблби“. Дејствието се одвива во 1987 година кога Бамблби наоѓа засолниште на отпадот во мал калифорниски крајбрежен град. Чарли, девојка која наскоро ќе наполни 18 години, се обидува да го пронајде своето место во светот и на отпадот го наоѓа оштетениот и расипан Бамблби. Откако ќе го поправи сфаќа дека тоа не е обична VW буба.

Главните улоги ги играат Хејли Стенфилд, Дилан О’Брајан и други. Режисер на филмот е Тревис Најт.