Култната македонска претстава „Викенд на мртовци“, работена на текст на Миле Попоски, вечерва ќе има премиера во Театар комедија, откако пред повеќе од 20 години се играше во Драмски театар Скопје.

Во главните улоги настапуваат Роберт Ристов, Магдалена Ризова, Столе Мицов, Жаклина Стевковска, Жарко Димоски, Едмонд Сотир, Мирјана Ристов,Сашо Ристовски, Дритон Вејсели,Кристина Ласоска и Миа Катранџиева. Режисер на претставата е Ѓорѓи Ризески.

Премиерата е закажана за 20 часот.