Филмската и видеопрограма на Музејот на современата уметност – Скопје, во соработка со Амбасадата на Шведска во Скопје, денеска и утре, ќе ја претстави програмата „Препрочитување на Бергман“.

Дводневната програма се фокусира на наследството на Бергман во современиот филм, а кураторка е Кумјана Новакова.

„Препрочитување на Бергман“ ќе почне денеска во 20 часот со проекција на филмот „Седмиот печат“ (Det sjunde inseglet). Вториот ден е посветен на нови автори и авторки кои го разгледуваат Бергмановото наследство во филмската уметност денес, па проекцијата на филмот „Бергман: една година од еден живот“, на Јејн Магнусон утре ќе биде проследена со разговор со Сесилиа Несен, продуцентка на филмот.