Во 19 часот во хотел „Мериот“ ќе се одржи промоција на книгата „Будење на свеста“, заедничко дело на Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ. Авторите ја опишуваат книгата како авантура која е испреплетена со универзални знаења кои ја поттикнуваат личната и духовна преобразба.

„Секој збор, секоја мисла во оваа книга е како нуркање во најдлабоките, најмагичните и најисцелувачките ритуали на постоењето. Оваа книга ќе ви овозможи вистински да се спознаете себеси и свесно да ја косоздавате својата реалност“, велат тие.