На 7 ноември (среда) во 20 часот во Младинскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгата „Хрониките на Арслан Новинарски“ од Иван Шопов, а во издание на „Темплум“.

Tекстовите застапени во книгата се објавени во периодот 2012-2018 на интернет порталот „Окно“, во рубриката Пара вести.

За „Хрониките на Арслан Новинарски“ ќе зборува Ѕвездан Георгиевски, а извадоци ќе чита Ѓоко Здравески.

Иван Шопов е роден 1987 година во Скопје. Пишува и поезија и хаику. „Хрониките на Арслан Новинарски“ е негова четврта книга.