Денес на пладне во „Салон 19:19“ во Културно-информативниот центар во Скопје ќе биде промовирана книгaта „Мозаикот на Деби Му“ од Жаклина Мучева. Ова е втора книга на новинарката Жаклина Мучева. Илустрациите во книгата ги направи Ивана Горичан.

Книгата ќе ја промовира м-р Татјана Гогоска, а модераторка на настанот е Елена Максимовска.