Издавачки центар ТРИ на утре (16 февруари) ќе ја промовира својата прва музичка сликовница „Авантурите на Лисичко и Калинка“, што ќе се одржи во „Јавна соба“, со почеток во 12 часот.

Ликот на Лисичко, кој е веќе познат преку сопствениот Јутуб канал, во оваа сликовница ги поведува децата низ своите авантури преку десет песни – реденки, бројанки и приспивалки – а низ веселите игри ги учи за другарувањето, за хигиенските навики, за годишните времиња. Секоја сликовница има цеде на кое песните ги пее детскиот хор на Запро Запров.