Новата збирка раскази на авторот Златко Ѓелески „Понор“ ќе биде промовирана вечерва во џебното кино во МКЦ од 19 часот. Книгата е во издание на издавачката куќа „Бегемот“.

„Понор“ е збирка од дваесет и три раскази кои се случуваат во главниот град Понор, каде што се пресретнуваат и одминуваат ликовите – некои намерно, некои случајно.

На провоцијата ќе говорат Андреј Јованчевски од „Бегемот“, промоторката професорката Елизабета Шелева и самиот автор.