Денеска на плоштадот пред Црквата Св. Димитриј во Скопје, ќе се одржи голема божиќна манифестација со Божикен концерт и Божикна претстава.

„Претставата може да ја гледаат сите деца, родители, баби и дедовци. Бадниково чајче и бадниково колаче ќе добие секое дете што ќе дојде на празничната манифестација, а ќе следуваат и голем број други изненадувања“, велат македонските пејачи и актери кои ќе учествуваат во манифестацијата.

Ќе има топол дочек на коледарчињата преку Камениот мост со бесплатни Бадникови чајчиња и колачиња за секое дете.