По настапите на „Скопје колинг“ и неколку фестивали во земјава, македонскиот бенд „Фанк шуи“ ќе го одржи својот прв самостоен концерт на 29 март во МКЦ, а во организација на „Авалон продукција“.

Билетите за концертот на „Фанк шуи“ се пуштени во продажба преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk по цена од 300 денари, а на денот на концертот- 400 денари.