„Во духовниот храм“ е називот на првата самостојна изложба на македонскиот сликар Ерол Сулејмановски која ќе се одржи од 09 до 19 ноември година во музејот на Македонската борба за државност и самостојност.

Преку дела кои ќе бидат изложени, посетителите на изложбата ќе имаат можност да го видат специфичниот пристап на уметникот за сублимирање од традиционалното кон модерното, преку виртуелна магична визуелизација. 30 години кариера преточени во уметност.

Отворањето на изложбата е во 19 часот.