Фотограф Лазар Зафировски вечерва во 19 часот во галеријата „Акантус“ ќе ја отвори својата прва самостојна изложба насловена „Магоа“. Изложбата се состои од фотографии што ја портретираат внатрешната психолошка состојба на младиот човек преку фацијалните експресии.

„Денешните млади луѓе многу малку време посветуваат на својата внатрешна емоционална состојба. Игнорирањето на вистинските потреби на младите може да придонесе за разни внатрешни немири и конфликти кои подоцна се појавуваат во надворешното однесување. Младите треба да се поттикнуваат отворено и свесно да зборуваат за своите емоции, за да се подигне и нивната емоционална интелигенција”, стои, меѓу другото, во предговорот за изложбата.