Во МНТ вечерва од 20 часот на репертоарот е претставата „Разговори во четири очи“, работена по текст на Ингмар Бергман, а во режија на Нина Николиќ.

Во претставата, главниот лик, Ана Бергман, се соочува со сопствените избори и одлуки, со последиците од животот во мачниот брак, исполнет со тешкотии, со насилство, со чувство на вина и патење. Така, сликата на една традиционална заедница, претставува и соочување со сопствената историја, минатото и идентитетот.

Во главните улоги играат: Амернис Нокшиќи Јовановска, Нина Деан, Петре Арсовски, Дарја Ризова, Катина Иванова, Благој Веселинов и Дамјан Цветановски.