Вечерва со почеток во 20 часот во МОБ ќе биде изведена „Риголето” на Џузепе Верди. Трагична приказна за љубомора, одмазда и жртва. Напишана според драмата на Виктор Иго „Кралот се забавува”, „Риголето” како опера е раскажана со возбудлив музички јазик и нејзиниот успех наназад низ историјата не се должи само на либретото, на трагичната судбина на насловниот лик, туку уште повеќе на прекрасните арии меѓу кои и (“La Donna è mobile”), и на воопшто, убавата мелодиска структура.

Диригент: Бисера Чадловска, Режисер: Нина Најденова (Бугарија)

Сценограф: Живојин Трајановиќ, Костимограф: Марија Пупучевска

Кореограф: Саша Евтимова, Киро Павлов

Настапуваат: Ристе Велков, Наде Талевска, Зоран Сотиров, Александар Стефаноски, Ирена Кавкалевска, Ернес Ибраимовски, Диме Петров, Катерина Стојановска, Драган Ампов, Дејан Стоев, Ана Ројдева, Десанка Глигоријевиќ, Димитар Кожухаров.

Хорот и оркестарот на МОБ.