Една од најпознатите опери на Џузепе Верди, „Риголето“, на 15 март повторно на сцената на МОБ. Операта почнува во 20:00 часот.

„Риголето“ е драма на човечкиот живот, трагична приказна за љубомора, одмазда и жртва. Напишана е според  драмата на Виктор Иго „Кралот се забавува“.

Диригент е Бисера Чадловска, а режисер: Нина Најденова од Бугарија. Настапуваат: Ристе Велков, Наде Талевска, Зоран Сотиров, Александар Стефаноски и други, придружувани од хорот и оркестарот на МОБ.