Општина Аеродром слави 14 години од постоењето и тоа ќе го одбележи на 14 април со забава која ќе започне оппладне и ќе трае до полноќ. Од 12.30 програмата започнува со детска песна, смеа и програма подготвена од најмладите ‒ од училиштата и градинките.  А, од 20.30 часот следува рокенрол-забава со „Нокаут“ и во 22 часот безвремнските хитови на екс ју групата “ Прљаво казалиште“. Журката е под отворено небо во паркот „Авион“ и ќе биде од хуманитарен карактер. Ќе има постевено и пунктови на кои ќе може да се донираат средства за загрозените семејства на кои им е потребна помош.