„Дони Дарк“ е романтична комедија која раскажува за процесот на осамостојување на едно младо слепо момче и неговата социјална интеграција во општеството. Поради својата тематика, која ги опфаќа правата и социјализацијата на луѓето со посебни потреби, „Дони Дарк“ е исклучително актуелна претстава. Текстот е работен по мотиви од текстови од неколку современи американски автори.

Во главните улоги настапуваат Даријан Петров, Мирјана Поповска Ристов, Магдалена Ризова-Черних и Сашо Ристовски.

Претставата е на репертоарот на „Театар Комедија“ вечерва од 20 часот.