Од 9 до 14 октомври во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе се одржи годинашниот саем за мебел. Саемот за посетителите ќе биде отворен секој ден од 10 часот наутро до 20 часот навечер. Организаторите најавуваат преку триесет изложувачи од целата земја. Цената на билетот е 100 денари.