Култниот македонски сајбер-панк бенд „Киборг“, вечерва од 20 часот ќе одржи концерт во МКЦ, како дел од јубилејното издание на „Таксират“. Бендот се врати на музичката сцена лани по 20 години пауза, а нивниот лански концерт на фестивалот беше еден од најпосетените од триесетте што се одржаа на ПИН-музичката конференција на „Таксират“.

Билетите чинат 300 денари.