Во Младинскиот културен центар денес во 20 часот ќе биде отворена самостојна изложба на Стефан Димовски. На изложбата авторот ќе се претстави со 30-тина дела во комбинирана техника.

Димовски е роден 1983 во Скопје, во уметничко семејство. Досега има учествувано на повеќе групни изложби во Сан Рафаел, а своите дела ги изложувал и во повеќе галерии на југот на Франција. Во 2010-2011 година дел од неговите акварели се селектирани во 11. издание на Интернационалниот каталог за модерна уметност. Во 2011 добива награда за акварел во конкуренција на 60 сликари и акварелисти на 12 саем за сликари и акварелисти во Сан Рафаел, Франција. Истата година добива втора награда за скулптура изработена од отпад за рециклирање, во организација на ПАКОМАК. Во 2015 година станува член на ДЛУМ и учествува на сите изложби во организација на ДЛУМ во Р.Македонија како и во странство. Оваа година заедно со Ангел Димовски Чауш, Трајче Чатмов и Љупчо Илиевски ја претствува Македонија на WORLD ART DUBAI во организација на Matchboox gallery Skopje.

Негови дела се наоѓаат во повеќе институции и приватни колекции во земјава и странство.