„Вис лимунада“ по година ипол повторно со концерт во „Јавна Соба“. Вокално- инструменталниот ансамбл доаѓа од Србија. Ќе ве забавуваат со песни од касните педесетти и раните шеесетти години на 20 век. Комбинацијата на музички жанрови (шлагери, рок, бит) и пеењето на различни јазици го нарекуваат Stari val – доба кога свират оркестри, а бендовите почнуваат да се создаваат. Ова се шест енергични музичари кои прават шоу кое не смеете да го пропуштите! Влезот е слободен.