Хит-претставата „Украдена личност“ со Лане Гутовиќ по големата европска турнеја и турнејата во САД, денеска (1 декември) ќе игра во Скопје.

„Украдена личност” е приказ на моралната слика на практичната, модерната и прилагодлива личност, за која условите за постигнување на личните цели, се невообичаено лесни. Со спретност и дух на селски пробисвет, овој лик се приближува до Европската унија како кандидат за претседател. Во претставата игра Милан Гутовиќ, а неговите текстови се напишани врз база на текстот на Миленко Вучетиќ – Бараба.

Билетите чинат 500 денари. Организатор на претставата е „Бекстејџ Медиа“.