Во ВИП арената „Борис Трајковски“ вечерва шоу ќе имаат „Брит флојд“. Тие ќе настапат со музика на култните „Пинк флојд“. Во арената ќе бидат поставени околу 100 светла, ласери, како и препознатливиот тркалезен круг, а сето тоа ќе биде синхронизирано со специјална видео анимација која ќе ја има во текот на целото шоу. Тие доаѓаат со опрема вредна милион долари.

Концертот на „Брит флојд“ во Скопје е во рамките на турнејата Тhe Eclipse world tour, а ќе трае два ипол часа. Членовите на бендот ќе го претстават најдоброто од еден од највлијателните рок бендови на светот на сите времиња.

Вратите за коцертот се отвораат во 19:30, а концертот почнува во 20:30 часот. Во 21:40 часот-е предвидена пауза, а вториот дел од концертот ќе почне во 22:00 часот.