Во Младинскиот културен центар вечер од 20 часот во соработка со „Таксират“ и „Теравоид“  концерт ќе одржи At the Gates, шведски дет-метал бенд кој пред 22 години гостуваше во Скопје.

Настанот тогаш предизвика голем интерес кај андерграунд сцената во Македонија.

„Поминаа многу години и многу бендови во меѓувреме дојдоа и свиреа во Скопје. Бендот се растури и не свиреа скоро 12 години. Оваа година, At the gates се враќаат во Скопје. Како едни од предводниците на melodic death звукот, бендот е еден од ретките кои се вистински култ на таа сцена. Мрачни, интелигентни и агресивни мелодии се дел од нивните главни карактеристики. Тие што пред 22 години беа во МКЦ, ќе имаат можност да се вратат во времето и пак да бидат дел од концерт што за момент ќе ни го врати духот од тоа време. Тие што само слушале за тој култен концерт ќе можат да присуствуваат на испишување на уште една страница од метал историјата на Македонија“, стои во најавата за концертот.

Како предгрупи се најавени Heresy од Костарика и македонскиот состав Hardfaced.

Концертот е дел од серијата настани од „Таксират 2.0“.