Претставата „Силјан Штркот“ можете да ја погледнете денеска 26.11 во Македонскиот Народен театар со почеток од 12 часот.

Претставата која се приредува 70 години на сцената на МНТ, најпрво во драматизација на Петре Прличко, според избор од македонското народно творештво, објавено во трудовите на Марко Цепенков, потоа во драматизација на Дејан Дуковски, потпирајќи се и продолжувајќи ја таа традиција.

„Силјан Штркот“ започнала преку изработката на куклите и режијата на Светлана Малахова, и продолжува да живее денес преку маските и музиката режирани и водени од Срѓан Јаниќијевиќ.

Некогаш се изведувала со куклите раководени од актерите Ратко Гавриловиќ, Јордан Георгиевски, Тома Киров, Марија Мачевска, Деса Прличкова, Вера Филипова, Благоја Црвенков, Добрила Иванова, Трајко Чоревски, Цветанка Јакимовска, а денес живее преку живата игра на актерите.

Автор: Дејан Дуковски
Режисер: Срѓан Јаниќијевиќ

Сценограф и костимограф: Илина Ангеловска
Кореограф: Александра Кочовска – Начева

Улоги:
Силјан: Александар Михајловски
Божин: Нино Леви
Евда: Марија Новак/Магдалена Ризова – Черних
Велчо: Ивица Димитријевиќ
Силјаница: Нина Деан
Еснафот: Александар Ѓорѓиески/Славиша Кајевски
Духовникот: Висар Вишка
Клајк: Кире Ѓоревски
Клајковица: Ана Стојановска
Си Биле: Нина Деан
Сиве: Тина Трпкоска
Чуле: Ана Стојановска
Пијаницата: Кире Ѓоревски
Трпе: Никола Ацески

Бенд – ВИС Погани штркови feat. Кокошките од пеколот
Соло – гитара и вокал: Ивица Димитријевиќ
Бас – гитара: Александар Ѓорѓиески/Ташко Грујовски
Удиралки: Никола Кимовски
Вокали: Нина Деан, Тина Трпкоска и Ана Стојановска

Извршен продуцент: Виктор Рубен
Инспициент: Александар Рајковски
Фотограф: Кире Галевски
Суфлер: Зорица Благоевска
Светло – мајстор: Илија Тарчуговски
Тон – мајстор: Ташко Грујовски
Вајар: Ангелчо Петровски

Реквизитер: Соња Крстевска
Гардеробери: Фиданчо Петровски, Валентина Чонкова, Светлана Апостолска и Скендер Бериша
Шивач: Весна Илиевска
Фризери и шминкери: Бранка Пљачковска и Моника Грковска
Декоратери: Саво Ивановски и Срѓан Павловски

Повеќе информации за претставата
http://mnt.mk/mk/component/k2/siljan-shtrkot-shanca?Itemid=614

Купи билет онлајн https://mnt.mk/online/index.php?id=270

Билетите се пуштени во продажба и на билетарницата во МНТ
*Цената на билетот е 200 ден.
За подетални информации јавете се на +389.2.3230.304