Традиционалниот Скопски џез фестивал годинава ќе се одржува од 18-21 октомври на две локации во главниот град: Македонската опера и балет и Младинскиот културен центар.

ПРОГРАМА

18 OКТОМВРИ
20:00 Македонска опера и балет
ALEXANDER HAWKINS (В. Британија)
DAVID MURRAY QUARTET feat. SAUL WILLIAMS “Blues for Memo” (САД)
24:00 МКЦ Дансинг сала
ARTO LINDSAY & PAAL NILSSEN-LOVE (САД/Норвешка)

19 OКТОМВРИ
20:00 Македонска опера и балет
WADADA LEO SMITH “Reflections and Meditations on Monk” (САД)
HARRIET TUBMAN (САД)
24:00 МКЦ Дансинг сала
THURSTON MOORE (САД)

20 OКТОМВРИ
20:00 Македонска опера и балет
METTE RASMUSSEN (Данска)
TRONDHEIM VOICES (Норвешка)
SUSANA SANTOS SILVA / AB BAARS / HAMID DRAKE (Португалија/Холандија/САД)
24:00 МКЦ Дансинг сала
MOPO (Финска)

21 OКТОМВРИ
20:00 Македонска опера и балет
Тони Китановски: 30 години творештво
PANDA 5 (Македонија)
TONI KITANOVSKI & FRIENDS (Македонија/САД/Србија/Перу)
Фестивалот годинава има и богата придружна програма: доделување на наградата „Златен орикс“ за најдобар млад џез-музичар во 2018 година, промоција на албумот “Big City Scare” на Panda 5 – најновиот состав на Тони Китановски, како и отворање на изложбата „Духовите на Африка – ритуална западноафриканска уметност“, во соработка со Музејот на Македонија и Музејот на африканската уметност во Белград. Во рамките на 37-то издание на Скопскиот џез фестивал, ќе биде промовиран и Манифестот на Европската џез-мрежа (Europe Jazz Network) за родова еднаквост во џезот и креативната музика.