Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје во понеделник на плоштад Македонија организираат детска журка Априлијада „Скопје се смее“, за сите училишта, градинки, деца и тинејџери.

„Забава со маски, песнички, игри, забава со модерен балет, Златно славејче, танцови групи од основните училишта, фотографирање на голем фото ѕид заедно со супер хероите Спајдермен, Ајронмен, Супермен, Бетмен“, велат организаторите.