По гостувањето во Скопје минатиот месец, познатиот срспки актер Милан Лане Гутовиќ повторно ќе ја игра претставата „Украдена личност“ пред македонската публика. Првата претстава ќе се одржи во Скопје на 19 февруари во Домот на АРМ, на 20 февруари во НУ Центар за културата во Битола, а третата претстава е во Струмица на 22 февруари во НУЦК Антон Панов.

Сите претстави се од 19 часот, а билетите се пуштени во продажба. Организатор на претставите е „Бекстејџ медија“.