Вечерва (7.10) во ноќниот клуб „Епицентар“ ќе има журка на која музика ќе пушта Тијана Т. Музиката која Tijana T ја презентира во своите сетови е уникатна, со одлични технички способности, карактеристичен личен музички израз и силна експресивност.
Таа повеќе од една деценија е дел од српската музичка електронска сцена. Нејзините почетоци се врзуваат со еден од најуспешните балкански фестивали EXIT, каде работи како ПР и како музички новинар