По шоуто што се одржа во Вип арената на 15 октомври 2017 година, Стинг повторно ќе одржи концерт во Скопје на 02 јуни 2019 година на стадионот „Филип Втори“. Овојпат концертот на Стинг е дел од турнејата My Songs, а тој ќе ги испее најдобрите и најпопуларни песни од времето на „Полис“ и од неговата соло кариера – Englishman in New York, Fields of Gold, Shape of My Heart, Every Breath You Take, Roxanne.

Влезниците за концертот што го организира „Авалон“ ќе бидат пуштени во продажба во среда на 19 декември во 09 часот наутро.

По најавите за Лени Кравиц и Ерос Рамацоти, ова е трет концерт на светска ѕвезда што „Авалон“ го најави за следната година.