Во рамките на фестивалот „Таксират“, вечерва од 20 часот ќе се одржи првиот самостоен концерт на Страјк, артист најавен како „сурово искрен е првокласнен андерграунд хип-хоп“.

„Бројните фанови и почитувачи на делото на Страјк, конечно ќе имаат прилика да уживаат во концертната вечер посветена на неговите остварувања, во Младинскиот културен центар во Скопје“, велат од „Таксират“.

Концертот на Страјк е распродаден.