Моќна, динамична, привлечна, исполнета со емоции и страст се само дел од епитетите за операта „Травијата“ која ќе се изведе на 23 ноември од 20 часот во МОБ. Безвременското либрето и живописните ликови на „Травијата“ ја сместуваат меѓу најпопуларните и најинтимните оперски ремек-дела на Џузепе Верди.

Во главните улоги настапуваат Сања Керкез (Србија), Иван Mомиров (Бугарија) и Горан Начевски, а учествуваат оперски солисти, хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ.

Режијата е на Верена Штојбер (Германија), сценограф и костимограф е Софија Шнајдер (Германија). Диригент е Бисера Чадловска.

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата на МОБ и онлајн преку www.mob.mk