„Вардар“ блокиран, Дарко Панчев си ги бара парите

Фудбалерот Дарко Панчев ја блокира сметката на својот поранешен клуб ФК „Вардар“ преку извршител и бара да му се исплатат парите што му ги должат, пренесуваат спортските медиуми. Наводно клубот на Панчев му должи над 50.000 евра за плати за времето кога бил спортски директор на клубот.

Бидејќи парите до сега требаше да му бидат исплатени, легендата на „Вардар“ преку извршител се обидува да ги наплати побарувањата од клубот во кој израсна и преку кој се промовира во Европа.

Бидејќи сметката на „Вардар“ е блокирана, клубот не може да ги исплаќа ни платите на играчите до моментот додека не се реши спорот со Дарко Панчев.

Scroll to Top