Уметничката Анжелика Колева на 16 ноември ќе ја отвори четвртата самостојна изложба. На изложбата во „Концепт 37“, која ќе биде со хуманитарен карактер, ќе бидат претставени 40 дела на платно и грамофонски плочи.

„Не ми носете цвеќе ни слатки. Парите што сте планирале да ги дадете за подарок, oставете ги во кутијата на влезот на кафулето, а тие ќе бидат донирани во хуманитарни цели“, вели Колева.

Заштитен знак на Анжелика се грамофонските плочи на кои разлева боја. Инспирација во сликањето, вели, ѝ е жената.