Во понеделник (25 март) на пладне, во музичката продавница „Југотон“, својот најнов албум Povratak prvoj ljubavi/ Return to the First Love, ќе го промовира хрватскиот клавијатурист Тихомир Поп Асановиќ. Албумот, како двоен компакт-диск и двоен винил е во издание на Croatia Records.

Ова е прв албум на Поп Асановиќ по скоро четири децении солистичка дискографска пауза. Музичарот роден во Скопје на албумот сореботуваше со македонски музичари, меѓу кои и Влатко Стефановски.