Британски кантавтор Том Одел вечерва првпат ќе настапи во Скопје. Концертот во МКЦ почнува во 20:30 часот. Одел во моментов е на светска турнеја на која го промовира својот трет студиски албум Jubilee road. Скопскиот концерт на Том Одел ќе го отвори Том Спејт.

Одел вниманието на јавноста го сврте со неговиот прв албум Long Way Down во 2013 година. За овој албум доби неколку награди, меѓу кои BRIT и Critic Choice. Настапил на најголемите светски фестивали: Glastonbury, Coachella, T In The Park, Sziget, Exit и други.

Билетите можат да се набават преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на www.avalon.mk.