Операта „Tоска“ од Џакомо Пучини на 18 јануари ќе игра на сцената на МОБ. Операта во три чина е напишана по италијанското либрето од Луиџи Илика и Џузепе Џакоза. Либретото се базира на драмата „Тоска“ од Викториен Сарду.

Во главните улоги настапуваат Весна Ѓиновска Илкова, Борис Трајанов и Калин Братеску од Романија, придружувани од бројни солисти и хорот и оркестарот на МОБ.